spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Антикорупциска програма за ЈП и ТД во државна сопственост и сопственост...

ДКСК: Антикорупциска програма за ЈП и ТД во државна сопственост и сопственост на општините и градот Скопје 2024-2025

Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), на седницата одржана на 27.12.2023 година донесе Антикорупциска програма за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост и сопственост на општините и градот Скопје 2024-2025 со акциски план. Оваа активност беше спроведена во насока на исполнување на активност од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 (НС2021-2025): Сектор 5.12 Јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и на локалната самоуправа, Проблем 2. Недостиг на системски пристап за превенција од корупција во претпријатија во сопственост на државата и ЕЛС, Мерка 1. Воведување и имплементација на антикорупциска програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС, Активност „1.1. Изготвување на антикорупциска програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС“.

Во рамки на спомената мерка од НС2021-2025, освен активноста 1.1, за која надлежна институција за нејзина реализација е ДКСК, предвидени се и следните две активности: „1.2. Усвојување на антикорупциската програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС од страна на Владата“ и „1.3. Воспоставување на ефикасен мониторинг на примената на програмата“, за кои како надлежна, односно задолжена институција за нивна реализација е означена Владата на Република Северна Македонија.

АНТИКОРУПЦИСКА ПРОГРАМА ЗА ЈП И ТД ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАДОТ СКОПЈЕ 2024-2025

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...