Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски ги повикуваат граѓаните заедно и во духот на православната христијанска вера и традиција да го прослават големиот христијански празник Богојавление-Водици и да присуствуваат на положувањето на Светиот Крст.
И оваа година на 19.01.2024 год.(петок) под покровителство на општина Бутел, Светиот Крст ќе се положува во водите на неколку локации:
с.Љубанци на река “Љубанска”, со почеток во 10:00 часот
Црква “Св. Наум Охридски” во Радишани, со почеток во 10:45 часот
Црква “Раѓањен на Свети Јован Крстител” во населбата Бутел 1, со почеток во 11:30 часот.
Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски ги повикуваат граѓаните да бидат дел од оваа манифестација и со гордост да ја продолжат вековната традиција за прославување на празниците кои се главен белег на македонскиот народ.
Извор: Општина Бутел