Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2023 година изнесува 66 668,
од кои 31.8 % се домашни туристи, а 68.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2023 година изнесува 137 548, од кои 37.5 % се од домашните туристи, а 62.5 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 20.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за
37.6 %.
Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за
23.0 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика