spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Демант УЈП нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои...

УЈП: Демант УЈП нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои збореше Опозицијата

Управата за јавни приходи најостро ги демантира наводите од страна на ВМРО ДПМНЕ, во кои по кој знае кој пат, изнесуваат невистини за работењето на Управата за јавни приходи и на тој начин се обидуваат да нанесат штета врз работењето на УЈП .
Случаите за кои кој зборуваше Стоилковски, не се дел од презентираната афера од понеделникот.

Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки.

Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди,(а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста)
Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг а не поврат и е врз основа на извршена контрола,за барање на поврат на ДДВ.

Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции. Во Управата за јавни приходи работат професионалци кои одлично си ја знаат работата и за сите обиди за било какви малверзации согласно со надлежностите си преземаат соодветни постапки.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...