spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Го рестартиравме градежниот сектор со инвестиции од преку 2...

МТВ: Бочварски – Го рестартиравме градежниот сектор со инвестиции од преку 2 милјарди

Го рестартиравме градежништвото преку рекордните инвестиции во патиштата, железницата, гасоводи, преку изградба на комунални проекти и социјални згради. Покажавме дека инфраструктурата ни е на приоритетно ниво, креираме политики на развој на градежниот сектор и отворање на нови работни места, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од панел дискусијата посветена на инфраструктурата, дел од годишната конференција „Година на европски можности”.

 

Министерот истакна дека оваа Влада вложува преку 2 милијарди евра инвестиции во проекти кои даваат забрзан економски развој на државата и со тоа го подобруваат животот на граѓаните.

 

Тој се осврна на регионалното поврзување како услов за забрзана интеграција на земјата во Европската Унија.

„Ова е решението на Владата и убеден сум дека мора да се движиме по овој пат кој го трасиравме. Доказ за тоа  е минатата 2023 година каде остваривме преку 700 милиони евра реализација на капитални инвестиции. Го започнавме проектот за изградба на 4 нови автопати на Коридорите 8 и 10-Д, завршивме со рехабилитација на патните правци кон сите гранични премини, завршивме преку 170 локални патишта и улици, покажуваме дека инфраструктурата ни е на приоритетно ниво.“ истакна министерот Бочварски.

 

Во своето обраќање тој потенцираше дека оваа година ќе се воведе Интелигентниот транспортен систем на Коридорот 10, а воедно започнат е и проект за проширување на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, како и опремување на сите гранични премини.

 

На панелот во делот на инфраструктурата се обрати и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, кој истакна дека минатата година остварен е приход од патарини во висина од 62 милиони евра и 400 милиони евра капитални инвестиции, а за оваа година предвидено е изградба на уште 70 километри државни патишта со проценета вредност од околку 400 милиои евра.

 

Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, истакна дека најголемата капитална инвестиција, изградбата на железницата на источниот дел од Коридорот 8 од околу 760 милиони евра, се реализира со зацртаната динамика.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...