spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Општата болница Велес со нова медицинска опрема од 4 милиони денари

МЗ: Општата болница Велес со нова медицинска опрема од 4 милиони денари

Во општа болница Велес инсталирана е нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија, набавен од Министерството за здравство во вредност од четири милиони денари, што веќе е поставен во операционата сала, потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија.

Набавен е и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари.

-Како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи обезбедивме нова и современа опрема. За една година направивме сериозно зајакнување на јавното здравство со нова апаратура, реконструкции и лекови. И во следниот период продолжуваме да правиме позитивни промени во еден од најважните столбови, а тоа е здравствениот сектор, истакна министерот Меџити за време на посетата.

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...