spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Чистење на каналската мрежа

Илинден: Чистење на каналската мрежа

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство ,,Скопско Поле’’ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјетки на Општина Илинден.

Чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа ќе се изврши во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, ЈКП Илинден и општествено одговорни компании со цел да се обезбеди функционалност на каналската мрежа на територијата на општина Илинден и да се спречат несакани последици од појава на поплави.

Од страна на Водостопанство ,,Скопско Поле’’- Скопје во месец јануари е извршено машинско чистење на Сисавец на Главен канал во населено место Илинден, позади хотел Белви до влив во Главен канал во должина од 1600 метри, чија вкупна должина изнесува 2000 метри. Во наредниот период ќе се продолжи со чистење на каналската мрежа согласно оперативен динамичен план кој е составен дел на Акциониот план. Екипите за чистење ќе продолжат со чистење на секундарен канал Топлик во н.м. Илинден.

Со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречено прифаќање и одведување на површинските (атмосферските) води преку каналскиот систем кои во месноста Таор се влеваат во реката Вардар, со што се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста и здрава животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...