spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо Владата се реализираше примопредавањето на премиерската функција

Во Владата се реализираше примопредавањето на премиерската функција

Досегашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја предаде премиерската функција, на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери. 

Претседателот на Владата Џафери беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет а тет средба и изјави за медиумите.

https://youtube.com/watch?v=9ODUs_xjrwc%3Fsi%3DkMJARxrZBMq_MEFA

На средбата досегашниот премиер Ковачевски, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака успешен мандат и ефикасна работа, во името на интересите на сите граѓани и на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт.

Двајцата, заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Северна Македонија.

Извор: Влада

Прочитајте

Свети Николе: Анкетен прашалник за креирање на Програмите за работа на...

0
Почитувани граѓани,Општина Свети Николе, при подготовката на Програмите за работа и на Буџетот за следната година, реализира консултативни процеси.  Целта на овој консултативен процес...