spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Џафери: Да работиме посветено, ефикасно и заедно за фер избори и...

Премиерот Џафери: Да работиме посветено, ефикасно и заедно за фер избори и во функција на граѓаните

Во Владата на Република Северна Македонија започна првата седница на новоизбраниот владин состав.

На почетокот на конститутивната седница на новоизбраната преодна Влада на Република Северна Македонија, се обрати новиот претседател на Владата, Талат Џафери.

Премиерот Џафери ги соопшти очекувањата од работата на новата Владата во делот на организацијата и спроведувањето на претстојните избори и за реализацијата на тековните обврски на Владата, во интерес на граѓаните.

https://youtube.com/watch?v=kG74-gAakHk%3Fsi%3DmwtEqhcisqxni_Yp

„Пред нас е една клучна задача, подготовка и организирање слободни, фер и демократски редовни избори во отворена и законита процедура. Во таа наша задача, имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со Државната изборна комисија и со Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и со Европската Унија и САД како наш стратешки партнер, со цел да обезбедиме највисоки европски стандарди во процесот во изборната кампања и на самите избори, со целосен фокус на создавање услови, во коишто граѓаните, на изборите, јасно ќе ја изразат својата волја“, рече премиерот Џафери.

https://youtube.com/watch?v=frenqSaKm9k%3Fsi%3D35DoLlzyYlA-pDQ2

„Тука сме исто така да обезбедиме редовно функционирање на институцијата, соработка и инклузивност во работата и од оваа Влада очекувам ефикасност и да е во функција на интересите на граѓаните, а притоа да е транспарентна и отчетна“, нагласи премиерот Џафери.

„Очекувам дека сите членови на Владата ќе го вложат целото свое знаење и искуство и посветено ќе работат во интерес на граѓаните и дека сите предизвици пред нас ќе ги надминеме заедно, отворено и професионално“, порача премиерот Џафери.

Претседателот на Владата, Талат Џафери, во првото обраќање до новоизбраниот владин состав им го честиташе изборот на членовите на Владата и им посака успешна работа и соработка.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...