spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Бруто плата 2024 - Утврдување на најниската и највисоката основица за...

УЈП: Бруто плата 2024 – Утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонеси

Просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2024 година изнесува 57.609 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк.

Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2024 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804,00 денари (50% од 57.609.00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744,00 денари (16 x 57.609,00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308,00 денари (12 x 57.609,00)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2028 2027 202620252024
/ / / /57.609
 20232022 20212020 2019
49.39743.50941.14138.31936.017
20182017201620152014
34.07932.87732.26831.64430.902
20132012201120102009
30.59530.59130.34929.82927.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2024 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...