spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски е во официјална посета на Тирана на Самитот Б40 Балканска мрежа на градови. При посетата Трајановски оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај и со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

На средбата Трајановски со своите соговорници поразговара за полињата на соработка на кои можат заедно да делуваат метрополите како проекти за дигитализација и заштита на животната средина. Соговорниците разменија искуства и разговараа за можни и конкретни решенија. На средбите се разговараше и за натамошно продлабочување на соработката помеѓу градовите и градските администрации.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Нова медицинска опрема во Детската клиника

0
Продолжуваме со инвестиции за унапредување на здравствената заштита на сите нивоа, со посебен фокус на третманот на децата. Денес на Детска клиника, со поддршка од...