Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги посети штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”- Неготино со седиште во Волково, за каде општината обезбеди пригодни пакети со прехранбени производи.
-Не пречекаа многу расположени и насмеани лица, кои што ни го разубавија денот. Навистина задоволство е да се помине утрото со овие лица на кои малку им е потребно за среќа – рече Стојкоски.
Овој центар е многу посветен на својата работа, нагласи Стојкоски, и истакна оти општината ќе работи со центарот заеднички во иднина на повеќе проекти.
-Проектите ќе бидат со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад – подвлече градоначалникот.
Извор: Општина Ѓорче Петров