spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Повик за предлог-проекти 2024 – EAC/A11/2023 - Европски солидарен корпус

НАЕОП: Повик за предлог-проекти 2024 – EAC/A11/2023 – Европски солидарен корпус

Врз основа на Решение за објавување на Јавен повик бр. 21-152/2 од 31.01.2024дина, Националната агенција објавува Повик за предлог-проекти за 2024 година на Европската Комисија за програмата Европски солидарен корпус:   

Службен весник на Европската Унија:  C 2023/1263 од 29.11.2023

Повик за предлог-проекти2024 – EAC/A11/2023

Европски солидарен корпус

(C/ 2023/1263)

1. Вовед и цели

Овој повик за предлог-проекти се заснова на Регулативата (ЕУ) 2021/888 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година со која се воспоставува Програмата за европскиот солидарен корпус, како и на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус за 2023 година (C(2023)5902).Програмата на Европскиот солидарен корпус го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата на Европскиот солидарен корпус се наведени во член 3 од Регулативата.

2. Акции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следниве акции на програмата на Европскиот солидарен корпус:

—    Волонтерски проекти

—    Волонтерски тимови во области со висок приоритет

—    Солидарни проекти

—    Ознака за квалитет за солидарни волонтерски активности

—    Ознака за квалитет за волонтерство во хуманитарна помош

—    Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош.

3. Подобност

Секој јавен или приватен субјект без разлика дали е непрофитен или профитен, локален, регионален, национален или меѓународен може да аплицира за финансирање во рамките на Европскиот солидарен корпус. Дополнително, групи млади луѓе регистрирани на порталот на Европскиот солидарен корпус можат да аплицираат за финансирање за солидарни проекти.

Следниве земји (1) можат целосно да учествуваат во сите акции на Европскиот солидарен корпус:

 27-те земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји и територии,
 трети земји поврзани со Програмата:—земјите на ЕФТА / ЕЕА: Исланд и Лихтенштајн,— Земјите кандидати за членство во ЕУ (2): Република Турција, Република Северна Македонија.

Дополнително, одредени активности се отворени за субјекти законски основани во трети земји кои не се поврзани со Програмата.

Ве молиме погледнете го Водичот на Европскиот солидарен корпус за 2024 година за повеќе детали за начините на учество.

4. Буџет и времетраење на проектите

Вкупниот буџет предвиден за овој повик за предлог-проекти се проценува на 145 000 000.евра.

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата распределба индикативно е предмет на усвојување на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус за 2024 година (5 септември, 2023 ) и може да биде изменет под услов на измена на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ги консултираат Годишните работни програми за Европскиот солидарен корпус и нивните амандмани, објавени на:

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/reference-documents-resources

Доделените грантови и времетраењето на проектите варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот и подобност на апликантите кои ги исполнуваат условите.

5. Краен рок за поднесување на апликациите

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 12.00 часот (пладне), според бриселско време.

Волонтерски проекти20 февруари 2024 година
(изборен рок)
1 октомври 2024 година
Солидарни проекти20 февруари 2024 година
(изборен рок)
7 мај 2024 година
1 октомври 2024 година

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 12.00 часот, според бриселско време.

Волонтерски тимови во области со висок приоритет8 февруари 2024 година
Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош14 април 2024 година

Апликациите за ознаки за квалитет може да се поднесуваат на континуирана основа.

Ве молиме погледнете го Водичот на Европскиот солидарен корпус за 2024 година за детални инструкции за поднесување на апликациите.

6. Целосни детали

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучително и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата на Европскиот солидарен корпус за 2024 година на следната интернет адреса:

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/calls-for-proposals

Водичот за програмата на Европскиот солидарен корпус за 2024 е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање изразени во него целосно важат за овој повик.

(1)    Сл.весник на ЕУ 202, 8,6.2021, п.32            

(2)     Законски основани субјекти и луѓе кои легално престојуваат во тие земји.

(3)     Предмет на потпис на билатералните договори за асоцијација.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте