spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски - Се заложувам за обезбедување повеќе и подобри можности за...

МТСП: Велковски – Се заложувам за обезбедување повеќе и подобри можности за лицата со попреченост

За да обезбедиме повеќе и подобри можности за лицата со попреченост во државата, воспоставуваме континуирана комуникација со здруженијата и организациите кои ги застапуваат. Тоа е нешто што недостасувало во изминатите неколку години, а всушност не можете нешто да смените на подобро, ако во креирањето на промените не ги вклучите луѓето што се соочени со одреден предизвик за кој се бара решение”. 

Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски по денешната средба со претставниците на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, на која се дискутираше за тековните проблеми со кои се соочуваат овие лица и активностите кои двете страни би ги преземале во иднина со цел унапредување на инклузивноста на општеството. 

„Кога ќе разговарате со лицата со попреченост, сфаќате дека тие имаат многу способности, а за жал малку можности им се понудени. Затоа, давам целосна поддршка на овие наши сограѓани и се заложувам тие повеќе да бидат интегрирани во општествените процеси, да го искористат својот полн потенцијал, да знаат дека вредат и имаат придонес во развојот на државата“, рече Велковски. 

Министерот потенцираше дека дијалогот со ПОРАКА која одбележува 60 години постоење, но и со другите организации на лицата со попреченост допрва ќе се интензивира, а првична цел е унапредување на законската регулатива со која целосно ќе се овозможат сите права кои им следуваат согласно меѓународните конвенции кон кои имамe пристапено. 

Велковски нагласи и дека се разгледуваат можности во скоро време да се зголемат дел од паричните надоместоци кои им следуваат на лицата со попреченост.

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...