spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Изјава со осуда на незаконските напади на Хутите врз правата и...

МНР: Изјава со осуда на незаконските напади на Хутите врз правата и слободите на пловидба во Црвеното Море

Недвосмислено ги осудуваме повторни и незаконски напади на силите на Хутите врз правата и слободите на пловидба во Црвеното Море. Овие дејствија претставуваат сериозна закана за поморската безбедност кои загрозуваат невини животи и ги попречуваат клучните меѓународни трговски патеки. Таквото однесување ги прекршува воспоставените меѓународни норми и поморските закони, поткопувајќи ја регионалната стабилност и просперитет. Го поддржуваме меѓународниот консензус за потребата од зачувување на правата и слободите на пловидба во Црвеното Море и Аденскиот Залив. И покрај повеќекратните предупредувања од меѓународната заедница, продолжуваат непромислените и неселективни напади на Хутите врз трговски и военопоморски пловила. 

Од 19 ноември 2023 година досега, Хутите извршија десетици напади насочени кон пловила поврзани со повеќе од 60 земји.На 10 јануари 2024 година, Советот за безбедност на ООН ја донесе Резолуцијата 2722 со која ги осуди нападите и побара истите да престанат.

Правата и слободите на пловидба се заеднички глобален интерес, па така нивната заштита бара глобален одговор. Хутите мора веднаш да ги прекинат своите незаконски напади.

Неодамнешните засилени дејствија на Соединетите Американски Држави и седумте партнери ја потврдува заедничката меѓународна посветеност кон спротивставување на тероризмот, зачувување на правата и слободите на пловидба, унапредување на меѓународната трговија и одбрана на животите на маринците и поморските сили од незаконски и неоправдани напади. Овие дејствија на напад врз Хутите беа замислени како обид да се наруши и намали нивната способност да продолжат со нивните напади врз светската трговија и невините поморци од целиот свет, истовремено избегнувајќи да се дојде до ескалација на состојбата.

Ги поддржуваме напорите на Соединетите Американски Држави и нивните партнери да ги одбранат животите и да го заштитат слободниот проток на трговија од постојаните закани.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте