spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните

МЖСПП: Шукова – Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со  градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ  беа во обиколка на изградениот канализационен систем во с.Побожје, општина Чучер Сандево.

„Во интерес на граѓаните, во интерес на општината, проектот е навремено спроведен со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно со средства што Владата ги додели на општината за реализација на овој проект. Тука не застануваме, туку продолжуваме и во 2024 година со втората фаза од проектот за затварање на канализационата мрежа за ова населено место со што граѓаните ќе добијат подобри услови за живеење“ изјави министерката Шукова.

2 Шукова: Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните

Првата фаза од проектот е финансиски подржана од Министерството за животна средина и просторно планирање со средства од Програмата за инвестирање за животната средина за 2023 година во висина од  6 милиони денари.

Видео изјава  на министерката Шукова:  https://youtu.be/o1FrPIMG96s

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...