spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Сите земјоделци од оваа 2024 година добиваат 100% поддршка за зелена...

МЗШВ: Сите земјоделци од оваа 2024 година добиваат 100% поддршка за зелена нафта, го исполнивме зборот даден пред земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на информативниот караван Резултати за земјоделците, е во работна посета на Свети Николе, каде на повеќе средби со земјоделците од Свети Николе ќе ги презентира новите мерки за поддршка на земјоделците во оваа 2024 година.

Секојдневно сме на терен меѓу земјоделците, разговараме и ги слушаме нивните предлози. Заедно градејќи ги сите мерки во земјоделството, мерки што даваат поддршка за секој земјоделец, мерки што даваат резултати, истакна министерот Николовски

„За нас зборот е збор. Се што сме дале како ветување пред земјоделците, сме го исполниле. Како што ветивме, од оваа 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која ја креиравме во 2019 година и по која сме препознаени во регионот. Мерка која е од директна помош за секој земјоделец“, изјави министерот Николовски.

Мерката зелена нафта, за прв пат, стартуваше во 2019 година. Тогаш со поддршка од 30% во трошоците за гориво на земјоделската механизација, за во 2022 година поддршката да биде зголемена на 50% и денес поддршката за зелена нафта да достигне до 100%, од трошоците за гориво на земјоделската механизација. Преку оваа мерка годишно поддржуваме 55.000 земјоделци.

Оваа година вредноста на 100% зелена нафта изнесува 3.200 денари по хектар за производителите на житни култури. За производителите на индустриски култури поддршката за зелена нафта изнесува 4.800 денари по хектар. Кај градинарството поддршката за зелена нафта изнесува 9.600 денари по хектар, додека кај овоштарите 12.000 денари по хектар, а за лозарите поддршката за зелена нафта изнесува 9.600 денари по хектар. Поддршката за зелена нафта за производителите на орев и питом костен изнесува 6.000 денари по хектар.

Преку нова мерка за поддршка по пријавена површина тутун, за прв пат, со право за користење на мерката зелена нафта се стекнуваат и тутунарите, во износ од 12.000.

Вложуваме и во модернизација на македонското земјоделтво. Поддршка до земјоделците, преку програмата за рурален развој и новата мерка за поддршка на бизнис земјоделски план, дааме во набавка на опрема и земјоделска механизација.

ИПАРД програмата е уште една можност за модернизација на македонското земјоделство. Успешно ја завршивме реализацијата на ИПАРД 2 програмата, со реализација од 98% и први во регионот ја започнавме новата ИПАРД 3 програма, со зголемена европска поддршка за 62%.

Поддршката во модерно и развиено македонско земјоделство ја продолжуваме и оваа година. 10 милиони евра преку програмата за програмата за рурален развој ставаме на располагање за инвестиции преку мерката бизнис план, поддршка во набавката на приплоден добиток, модернизирајќи го домашното земјоделство.

Во рамки на теренските активности во Свети Николе, министерот Николовски оствари посета на компанијата Агрофутопија, компанија која апликант за мерката 7 од новата ИПАРД 3 програма, со идеја за отворање на винарија во Свети Николе. Министерот Николовски оствари и посета на млади земјоделци добитници на поддршка од мерката за набавка на трактори.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте