spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Земјоделците оваа година добиваат можност за поддршка во набавка на комбајни...

МЗШВ: Земјоделците оваа година добиваат можност за поддршка во набавка на комбајни за жито, заедно го модернизираме македонското земјоделство

Модернизација на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Затоа, пред нас си имаме поставено јасни цели, креираме конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати, истакна министерот Николовски на средбата со земјоделците денска во Свети Николе.

„Мерката поддршка на бизнис план во земјоделствто, која стартуваше во 2023 година, ги даде своите резултати. Преку оваа нова мерка овозможивме секој индивидуален земјоделец сам да одбере во што ќе инвестира и каква опрема и механизација ќе набави. Мерка која како идеја произлезе токму од разговорите со вас земјоделците, токму тука во Свети Николе. Уште од првата година кај оваа мерка доделивме рекордни 206 договори за поддршка, во вредност од 1,5 милион евра“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека она што посебно не прави среќни е што од овие 206 апликации, 121 апликација се на млади земјоделци. Младите се повеќе се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Имаат доберба во институциите, вложувајќи и работејќи дома, во својата држава.  

Во 2023 година доделивме 730 решенија за набавка на трактори во вредност од 500 милиони денари, како кофинасирање од 50% до 75% од вредноста на набавениот трактор. Токму овде во Свети Николе, на 49 земјоделци доделивме решанија за набавка на трактор.

Модернизацијата на македонското земјоделство, низ годините наназад, преку програмата за рурален развој, ја реализираме и со поддршката на земјоделците во набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, набавка на силоси, изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун и поставување на системи за наводнување капка по капка.

Поддршката за модерно и развиено македонско земјоделство ја продолжуваме и оваа 2024 година. Преку програмата за програмата за рурален развој на располагање ставаме 10 милиони евра, за инвестиции преку мерката бизнис план и мерката за поддршка во набавка на приплоден добиток.

Оваа година, преку програмата за рурален развој, до земјоделците даваме нова можност за поддршка при набавка на комбајни за жито.

Секоја педа обработлива земјоделска површина ја ставаме на располагање, до земјоделците, за производство на храна. Токму земјоделците од Свети Николе, тоа можат најдобро да го потврдат. Нашето земјоделско земјиште, денес го работат нашите вредни земјоделци. Само во изминативме две години на располагање до земјоделците сме ставиле 17.956 хектари државно земјоделско земјиште, истакна министерот Николовски. 

Министерот Николовски упати порака дека заедно со земјоделците, сите овие години, направивме многу во земјоделството, а можеме уште повеќе. Креиваме мерки прифатливи за земјоделците, што даваат резултати.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...