Целосно е поставена нова енергетска фасада на општинското основно училиште “Панајот Гиновски”.
Ова е прва реконструкција на фасадата од изградбата на училиште во 1967-та година.
Со ова значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата, а во време на енергетска криза ќе се заштеди на енергија.
Општина Бутел ги подобрува условите на општинските основни училишта.
Извор: Општина Бутел