spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Вакцинација е најголемо достигнување во Здравствениот систем

МЗ: Вакцинација е најголемо достигнување во Здравствениот систем

Министерот за здравство д-р Илир Демири за состојбата со големата кашлица потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот систем.

-Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца.

Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. Тоа беше и еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести, посочи министерот Демири.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Ѓорче Петров: Завршена е целосната конструкција на кровот во ООУ „Страшо...

0
Во основното училиште „Страшо Пинџур“ направивме значителен чекор за обезбедување безбедна средина за нашите деца. Стариот азбестен кров, кој претставуваше ризик за здравјето, е...