spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на средба со претставници на компанијата за оправување и рециклирање...

МЖСПП: Оџаклиеска на средба со претставници на компанијата за оправување и рециклирање на отпад, „Саубермахер“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше работна средба со претставници од австриската компанија „Саубермахер“, чија примарна дејност е управување и рециклирање на отпад.

Odzaklieska_MZSPP_sredba_Saubermaher

Заменик министерката ги информираше гостите за моменталната состојба и политиките за управување со отпад во Северна Македонија, а се разговараше и за идните локални и регионални планови за намалување на создавањето отпад што ги има разработено Министерството за животна средина и просторно плaнирање.

Претставниците од „Саубермахер“ информираа дека имаат намера да вложат средства во реализација на неколку проекти за управување со отпадот, а дел од активностите ќе вклучуваат и едукација и работа со граѓаните со цел за стекнување на нови подобри навики за одлагање на отпадот.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...