Со Македонското здружение на млади правници потпишавме Меморандум за соработка, со што се отвара пат за нови младински проекти за заштита на животната средина на локално ниво.
Целта на Меморандумот е да се осмисли општинска младинска стратегија, да се разбуди активизмот кај младите, да им се помогне во креирање планови и програми на локално ниво во кои тие ќе можат да учествуваат со своите предлози, иницијативи и барања.
На Општина Центар и е потребна младата енергија, особено во делот на заштита на животната средина, каде нивниот активизам е од непроценливо значење.
Извор: Општина Центар