HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба ново детско игралиште во Ајватовци

Илинден: Пуштено во употреба ново детско игралиште во Ајватовци

Денес во населеното место Ајватовци беше пуштено во употреба новото детско игралиште. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Градпначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денес го посети новото детско игралиште и рече ова игралиште претставива континуитет на успешните проекти, а дечињата и од ова населено место добија убаво уреден простор за игра и рекреација.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција на постојните и изградба на нови детски игралишта во останатите населени места.

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте