spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната...

МОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка со Република Полска

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2024/25 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists” – Zawacka NAWA Programme”).  

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2024/25 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска. Стипендијата изнесува 1800 PLN месечно за студенти, 2500 PLN за истражувачи кои се на докторски студии и 3500 PLN за истражувачи со докторат на науки.

Почнувајќи од академската 2022/23 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

Исто така, во прилог е понудата за македонски студенти и истражувачи во рамките на Програмата за размена на студенти и истражувачи како дел од билатералната соработка – Програмата Zawacka NAWA. Како и обично, ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Северна Македонија да учествуваат во други програми на NAWA како што се Ulam NAWA и Banach NAWA.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата: https://nawa.gov.pl/en/students/foreign-students 

Треба да се има во предвид дека  понатамошниот процес на аплицирање ќе се одвива преку NAWA ICT системот.

Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 15 април 2024 година.

Линкот за регистрација е: https://programs.nawa.gov.pl/login

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

Прилог:

–        Announcement of the call for proposals;

–        Regulations for students;

–        Regulations for scientists.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...