spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Џафери: Соживотот се учи уште од најраната возраст

Премиерот Џафери: Соживотот се учи уште од најраната возраст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска изврши увид во Детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир, по што даде изјава за медиумите.  

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Џафери:

„Денес сме во Општина Чаир и во надгледување на работите во изградбата на градинката „Фидани 3“, што под претпоставка има две сестрински објекти што се завршени претходно и биле во функција претходно, но не биле доволни како простории. Секако, објектот е во фаза на изградба. 

https://www.youtube.com/embed/nb1CumBbskQ?si=GEMwEHOIBC1wv4HV

Според информациите на изведувачите, работата до крајот на април би требало да е затворена со изградбата, со сета опрема и од крајот на април, може да се стави во функција да ги вдоми децата тука.

Секако, објектот е современ, габарит меѓу најголемите, квадратура која се предвидува за 300 деца да има можност да се сместат за сите возрасти. Тоа е она што треба да го правиме и го правиме во континуитет во однос на потребите и на Општината Чаир и пошироко од Општината, за да може да ги задоволуваат потребите и на родителите и на децата и на персоналот кој ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект.

Честитки!“

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...