spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на отварањето на обука на ИСРСМ наменета за експерти -претставници...

МЖСПП: Оџаклиеска на отварањето на обука на ИСРСМ наменета за експерти -претставници на индустријата и академијата од технички комитети

Zamenicka_Odzaklieska

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на отварањето на обуката на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) наменета за експерти од технички комитети кои ги претставуваат индустријата и академијата.

Според заменик министерката Оџаклиеска, техничките комитети често имаат клучна улога во различните индустрии и академски полиња, овозможувајќи здружување на експертите при решавање на специфични технички прашања, развој на стандарди или реализирање на напредни истражувања.

– Овие експерти играат важна улога во унапредувањето на знаењето, поттикнувањето на иновациите и промовирањето на извонредноста во соодветните области, што се остварува преку соработка и посветеност кон постигнување на заедничките цели – истакна заменик министерката Оџаклеска.

На настанот се дискутираше за процесот на стандардизација, за CEN-CENELEC стратегијата 2030 и приоритетите за 2024 година, како и за стандардизацијата при поддршка на политиките и законодавството на ЕУ.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...