spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за...

МНР: Османи се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес имаше обраќање преку видео порака на Сегментот на високо ниво на 55-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева.

„Промоцијата и заштитата на човековите права како основа на уставниот поредок, како и посветеноста на јакнењето на мултилатералната соработка во насока на нивно почитување и заштита се основа на надворешната политика на Република Северна Македонија’’, истакна Османи.

„Земјата тоа најдобро го докажа за време на претседателството со ОБСЕ во 2023 година под паролата ,,За луѓето се работи”, ставајќи ги во фокусот адресирањето на дискриминацијата и нетолеранцијата, борбата против трговија со луѓе, слободата на медиумите, младите и граѓанското општество, насилството над жените и родовата еднаквост”- заклучи Османи во своето излагање.

Османи потсети на кандидатурата на Република Северна Македонија за членство во Советот за човекови права за периодот 2025-2027 година и изрази надеж дека на земјата ќе и биде дадена можност по втор пат активно да учествува во работата на Советот за човекови права на Обединетите нации, кој останува круцијален форум за дискусија за справувањето со предизвиците кои го доведуваат во прашање уживањето на човековите права и слободи.

На сесијата на Високиот сегмент која ќе трае од 26 февруари до 5 април, учествуваат шефови на влади и држави и министри за надворешни работи, со цел да ја реафирмираат важноста на работата на Советот за човеки права и неговите механизми за целосно справување со предизвиците заради уживање на човековите права и слободи, но  и заради преземање на одговорности  од  глобалната агендата за човекови права пред претстојниот Самит за иднината на Обединетите нации.

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...