spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Реконструкција на улици во Дељадровци

Илинден: Реконструкција на улици во Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве започна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.

Увид на почетокот на работните активности на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека овие улици целосно се реконструираат, а потоа ќе следи и асфалтирање. На овој начин на граѓаните од овој дел на населеното место Дељадровци  ќе им се подобри патната инфраструктура како и квалитетот на живот.

По завршување на улиците во Дељадровци, работните активности за реконструкција на улици ќе продолжат во населеното место Текија.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...