Децата од Башино село ќе добијат ново катче во кое ќе можат да се забавуваат и дружат. Со проектот е предвидено да се постават мултифункционални елементи како и зелени зони на кои освен децата и возрасните ќе можат да ги користат. Во тек е постапка за избор на изведувач на детското катче.
Освен за детското катче во Башино село, Општина Велес започна со постапките за избор на изведувачи и за детските игралишта и спортски терени во населените места Иванковци, Отовица и Превалец.
Општина Велес продолжува со инвестиции кои придонесуваат за рамноправен развој во сите делови на градот и околината.
Извор: Општина Велес