spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Излагање на државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ

МЕ: Излагање на државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ

Во рамки на одржување на 13 Министерска конференција на Светската трговска организација (СТО), во периодот од 26 до 29 февруари во Абу Даби, државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ во своето излагање ја пренесе следната порака до земјите членки на СТО.

Република Северна Македонија придава големо значење на отворен мултилатерален трговски систем кој се заснова на добро владеење и функционирање. Во време на забавено закрепнување од глобалните економски кризи со кои се соочивме во изминатите години, правилата и дисциплините во трговијата се секојдневен дел на нашите нации.

Новата ера на дигитална трговија веќе има значително влијание во сите сектори на трговијата и претставува збир на глобално обврзувачки правила. Тоа е предизвик на модерната економија и за ова треба да ја зајакнеме транспарентноста и политичкиот дијалог во СТО. 

Република Северна Македонија заедно со земјите членки на СТО кои учествуваат на 13 Министерска конференција ги усвои Министерската декларација за прифаќање на Спогодба за олеснување на инвестициите за развој, Министерската изјава за работна програма за мали економии за нивна понатамошната интеграција во светскиот трговски систем и укинување на ограничувања на трговијата, Министерската изјава за трговските аспекти на електронската трговија и Министерската изјава за продолжување на дијалогот и соработка согласно пристапните конвенции и меѓународните организации за промоција и транспарентност за справување со загадувањето со пластика. Сите наведени се поврзани со целите  во Агендата за одржлив развој 2030 година на ОН. 

Безбедноста на храната како дел од преговорите во земјоделството, Република Северна Македонија се изјасни дека поддржува да се постигнат избалансирани резултати за домашната поддршка во земјоделството и зајакнување на транспарентноста за пристап до пазарот. 

Во своето натамошно излагање, Чекиќ-Дуровиќ извести дека Република Северна Македонија, е во завршна фаза на ратификација на Спогодбата за субвенции за рибарството. Тековните преговори за намалување на субвенциите за рибарството кои се  користат на прекумерен капацитет и прекумерен риболов се од големо значење. 

Што се однесува до плулилатералниот трговски пристап, Република Северна Македонија со задоволство го објави своето пристапување кон Спогодбата на СТО за јавни набавки (GPA) во октомври 2023 година. Пристапувањето е рамномерно поле за пристап до пазарот и економска корист за странските и домашните бизниси, помеѓу 49 земји членки на СТО. 

На крај од излагањето истакна дека оваа Министерска конференција е обврзана да донесе резултати. СТО има важна улога во поддршката на барањата на своите членки, и покрај предизвиците во рамките на мултилатералниот трговски систем. Таа е активно вклучена во нашите дискусии за работните планови и активности, со цел да се обезбеди отворена трговија и регулаторна кохерентност и да ја олеснува интеграцијата на малите економии во трговскиот систем, како што е Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...