spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции

Во прилог ја споделуваме реакција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во врска со објавата на социјалните мрежи кај дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, дека министерството од т.н “необјаснети причини” не ги продолжил 88 договори за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост во регион Свети Николе.

Дополнителниот технички министер за земјоделство, Цветан Трипуновски наместо да ги манипулира земјоделците од Свети Николе, дека МЗШВ од т.н “необјаснети причини” не ги продолжил 88 договори за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, треба пред нив да одговори зошто пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од донесување на измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште. Измени со кој системски ќе се реши правото на аплицирање за субвенции на 200 земјоделски стопанства на кои во периодот на изборен просец ќе им престанат договорите за закуп.

Зошто имаат за цел да остават 200 земјоделски стопанства без своите заслужени субвенции? Зошто предложените законски измени сеуште не се разгледани од собраниската комисија за земјоделство?

На овој начин се прави дректна штета на земјоделците. Вредни земјоделци што мачно работеле и прозиведувале храна. Луѓе што притоа редовно плаќале на дражвата закуп за земјоделското земјиште, некој свесно сака да ги остави без заслужените субвенции.

За нештата да бидат појасни, станува збор за договори за закуп, кои истекуваат во период на изборен процес, кога согласно одредбите од Изборниот законик постои забрана за склучување на нови договори за закуп.

Како министерство, излеговме во пресрет на земјоделците и уште на 13 февруари извршивме измена на Уредбата за директни плаќања. Измената на Уредбата е во насока да озоможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Земјоделците правото на субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Дополнително во Собранието пратеничката група на СДСМ по итна постапка предложи измени и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште. Со предложената преодна одредба во членот 3 од предложениот Закон се наметнува обврска за МЗШВ, по службена должност за сите оние закупци, на кои им е истечен договорот за закуп и ќе им истечат во следните 6 месеци, а имаат поднесено барање за продолжување на договорот, по кои барања сеуште постапката не е завршена, да ги врати избришаните површини во ЕРЗС системот на име на овие закупци.

Одговорноста за овој проблем си има име и презиме. Тоа се оние пратеници и носители на јавни функции, по чии наредби овој, но и многу други закони, што се во интерес на земјдоелците, се блокирани во Собранието.

Време е политиката да се тргне настрана од земјоделието.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте