HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Домови и интернати за ученици и студенти, 2023/2024 година

ДЗС: Домови и интернати за ученици и студенти, 2023/2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023/2024 година, вкупниот број ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 5 761, што претставува намалување за 2.0 % во однос на 2022/2023 година. Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 132 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 32 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте