spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССПотпишан Национален акционен план за дигитализација

Потпишан Национален акционен план за дигитализација

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, во месец јануари 2024 го потпишаа Националниот акционен план за дигитализација за периодот 2024-2026, како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“.

Овој национален акционен план се фокусира на три области во кои што ќе се работи во следните две години:Информирање за рамковниот договор на европските социјални партнери (ЕФАД),Правото на исклучување (R2D) иДигитализацијата на работата и комуникацијата на социјалните партнери.

Национален акционен план за дигитализација

Дополнително, бидејќи Рамковниот договор на европските социјални партнери – ЕФАД (European Social Partners framework agreement – EFAD) од неговото потпишувањето до овој момент не беше преведен на македонски јазик, во рамките на овој проект беше преведен на македонски јазик.

Рамковен договор на европските социјални партнери – ЕФАД

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...