spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Во рамки на реализација на  проектите од програмата „За модерно Скопје“ во која е предвидена поддршка за средношколците со попреченост, се отвори првата сензорна соба во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“. Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. 

Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со цел да се овозможи бенефит на сите граѓани на Скопје, а проектот продолжува со имплементација и во останатите образовни установи. Сензорните соби се дел од континуираните заложби за подобрување на условите за интеграција во средните училишта, покрај стипендиите кои се доделуваат редовно секоја година со цел инклузија во образовниот процес.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...