spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Николоски од Регионалниот самит во Тирана – Ги приближуваме ЕУ стандардите...

МФ: Николоски од Регионалниот самит во Тирана – Ги приближуваме ЕУ стандардите преку транспонирање на ЕУ регулативите, се приклучуваме и на СЕПА регионот

Отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите се само дел од придобивките од примената на европските регулатива на СЕПА регионот и придружување кон овој регион. Ова беше дел од пораката што ја упати заменик-министерот за финансии Филип Николоски на панел-дискусија што се одржа во рамки на Регионалниот  самит за развој на Западен Балкан, во Тирана.

Заменик-министерот е дел од делегацијата на РС Македонија која учествува на Регионалниот самит за развој, а ја предводи премиерот Талат Џафери.

На панел дискусијата тој се осврна на подготвеноста на земјата да се вклучи во СЕПА регионот и примена на СЕПА регулативата која се однесува на плаќањата и финансискиот сектор, конкуренцијата и заштитата на личните податоци, како и подготвеноста за завршување на платните трансакции во евра.

„Приклучувањето во СЕПА регионот е само дел од напорите што ги правиме за приближување кон ЕУ стандардите со транспонирање на европските регулативи во националното законодавство. Визата за почеток на процесот за пристапување во СЕПА ја добивме со донесувањето и стапувањето во сила на Законот за платежни услуги и платежни системи, а во моментот се работи на подготовка на апликацијата“, истакна заменик-министерот Николоски.

Регионалниот самит за развој што се одржува во Тирана, е посветен на Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската комисија и претставува продолжување на состанокот одржан во Скопје минатиот месец. На Самитот во Тирана учествуваат лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте