spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Отворено писмо до г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство,...

МЗШВ: Отворено писмо до г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Собрание на Република Северна Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  испрати отворено писмо до г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Собрание на Република Северна Македонија. 

Во продолжение, следува интегрален текст од писмото:

ДО:             СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                    г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство  

Почитуван претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство,

г. Љупчо Димовски, 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како партнер на земјоделците и работејќи во интерес на земјоделството, Ви се обраќам потенцирајќи ја потребата од донесување на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка со арх. бр. 08-1275/1 од 19.02.2024 година, предложен од група пратеници.

Изменувањето и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја, односно за надминување на правниот вакум што се создава во случаевите на продолжување на важењето на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост поради истек на времетрењето на договорот. Потребата за уредување на оваа правна празнина е нагласена бидејќи во пракса за оваа група на граѓани реално постојат законски пречки, кои директно зависат од други одредби, предмет на други закони, кои директно влијаат во оневозможувањето за остварувањето на нивните права загарантирани со овој закон.  Имено, согласно Изборниот законик, со денот на донесување на одлуката за распишување на избори земјоделците се соочуваат со проблем при продолжување на договорите за закуп, што негативно се одразува на земјоделското производство, но и на остварувањето на правата на финасиска поддршка од Програмата за финасиска поддршка во земјоделството.

Имајќи предвид дека Собранието на Република Северна Македонија на својата Сто четириесет и петата седница, одржана на 28 февруари 2024 година одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието, повикуваме Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство како матично работно тело да закаже седница на која што ќе се расправа по предлогот на законот.

                Со ова писмо Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство повторно апелира и ја потенцира неопходноста на проактивно учество на законодавната власт во овој процес, имајќи го предвид интересот на државата за земјоделството како еден од клучните сектори, неговото мултидимензионално значење и обезбедување на одржливост на руралните средини, а во насока на креирање и носење на сеопфатни, одржливи и долгорочни политики од областа на земјоделството, шумарството и водостопанство.

Со почит,

МИНИСТЕР,

Љупчо Николовски

Документи за превземање

Писмо до Собрание на РСМ, Љупчо Димовски

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...