spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на премиерот Џафери со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација...

Средба на премиерот Џафери со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.

Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.

https://youtube.com/watch?v=DSNbUPwAmHU%3Ffeature%3Dshared

  
На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.

Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Северна Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.

Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Северна Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.

Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.

Извор: Влада

Прочитајте