spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на Државниот секретар Беџети со претставници на Експертската мисија -...

МТСП: Средба на Државниот секретар Беџети со претставници на Експертската мисија – Проектот EU Socieux

Во просториите на МТСП Државниот секретар Флакрон Беџети имаше работна средба со претставници на Експертската мисија ва рамки на проектот EU Socieux кофинансиран од Европската Унија за размена на податоци и информации во рамките на шемата за координација на системите за социјално осигурување.

Воедно, Државниот секретар Беџети ја отвори работилницата и притоа ја истакна заложбата за овој проект во корист на граѓаните. Во рамките на оваа работилница се разменија мислења и информации за подготовка на капацитетите на институциите за системот на социјално осигурување во поглед на прилагодување и идната интеграција на системите за пензиско, инвалидско, здравствено и социјално осигурување и за негово интегрирање во механизмите за координација на податоци за идна интеграција во EESSI (Електронска размена на информации за социјално осигурување).

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво...