spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЏафери- Река: Северна Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка...

Џафери- Река: Северна Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка стратешка цел – членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река.

На средбата, разговараа за односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање без отворени прашања.

Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Река за искрениот придонес во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете соседски земји, особено во областа на економијата, зголемувањето на трговската размена и во реализацијата на инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.https://www.youtube.com/embed/qCiHiWsCzpg?si=ScEsILbQ1_qp1zhh

Двајцата соговорници истакнаа дека двете земји, како сојузници во НАТО и земји чија заедничка цел е членството во Европската Унија, споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион.

Премиерот Џафери, во знак на благодарност, му врачи на амбасадорот Река признание за неговата професионална посветеност и придонес во унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија, и му посака добро здравје и натамошен личен и кариерен успех каде и да го води неговиот професионален пат.

Прочитајте