spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЏафери-Ларсон Џеин: Со членството на Шведска, НАТО станува поголема и поцврста, а...

Џафери-Ларсон Џеин: Со членството на Шведска, НАТО станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин.

Премиерот Џафери упати честитки до амбасадорката Ларсон Џеин за членството на Кралството Шведска во НАТО и ѝ предаде писмо со честитки упатени до шведскиот премиер Улф Кристерсон. Притоа, истакна дека со овој историски чин, Алијансата станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност. Посакувајќи и добредојде на Шведска во НАТО, премиерот Џафери истакна дека, од овој момент, сојузниците продолжуваат да чекорат заедно кон зацврстување и проширување на заедничкото евроатлантско семејство. Тој посочи дека, во услови кога светот се соочува со нарушена безбедност и со предизвици за демократските вредности и принципи од страна на авторитарни актери, секој заеднички потфат е придонес во одржувањето на стабилноста и безбедноста.

Шведската амбасадорка Џеин се заблагодари за честитките и за силната и широка поддршка добиена од Владата и Собранието на Република Северна Македонија во пристапниот процес. Упати посебна благодарност до Џафери, кој и во претходната функција како претседател на Собранието и во сегашната, како претседател на Владата, даде свој личен прилог во процесот. За возврат, истакна дека Шведска ќе биде силен и стабилен партнер во Алијансата и доверлив сојузник на Северна Македонија. Ларсон Џеин се осврна на клучните елементи кои Шведска ги внесува во Алијансата со членството, меѓу кои и силните воени способности на копно, море и воздух, и познавањето на нордиските територии.   

На средбата беше констатирано и дека, Северна Македонија и Шведска, во континуитет градат партнерски односи со политички дијалог на високо ниво, и имаат соработка во многу области од взаемен интерес. Премиерот Џафери се заблагодари за конзистентната шведска поддршка на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции, и на важната шведска развојна помош во области кои се корисни за нашите реформи. 

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...