spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, јануари 2024 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, јануари 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 256 одобренија за

градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари,

што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48

(18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори

се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...