spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и...

АФПЗРР: “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и дека во втор квартал од 2024 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработкаи маркетинг на земјоделски и рибни производи” од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2024 година се наменети за поддршка на:

Ø Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата од индустријата за преработка на храна.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Јавниот повик ќе трае 45дена од денот на објавување во дневните весници.

НАПОМЕНА:Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Телефон: 02 3097-460

Факс: 02 3097-454

е-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

www.pa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Тело за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115

е-mail адреса: info@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330

Факс: 047 228-370

www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните корисници можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...