spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Активно население во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2023...

ДЗС: Активно население во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година

Во соопштението се прикажани резултати од Анкетата за работната сила (АРС) за четвртото тримесечје од 2023

година.

Овие податоци не се споредливи со податоците од претходните тримесечја од другите години, бидејќи во 2023

година е имплементирана новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот за социјална

статистика и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 за областа на работната сила, при

што претходната Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.

Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, почнувајќи со промени во дизајнот на

прашалникот, промена во редоследот на прашањата, промени и отстранување на постојните и додавање нови

прашања, промени во опфатот и дефиницијата за вработеност и невработеност.

Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци. Планирано е да се пресметаат

ревидирани серии на основните показатели за вработеноста и невработеноста за периодот од првиот квартал од

2009 до четвртиот квартал од 2022 година за да се овозможи споредливост на податоците.

Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во базата МакСтат на линкот:

https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__PazarNaTrud__TrimesecniARS

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...