Врз основа на Решение бр.20-305/2 од 01.03.2024 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на интернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализира од 28-30 април 2024 во Салзбург, Република Австрија
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува јавен повик за учество наинтернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализира од 28-30 април 2024 година во Салзбург, Република Австрија.
Цели и очекувани резултати од настанот:
1. Зголемување на капацитетите на учесниците, како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на учениците.
2. Практична примена и синергија помеѓу еТвининг и Еразмус+ проекти.
3. Примена на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат активности во еТвининг платформата.
4. Можности за вмрежување на учесниците за долгорочна заедничка соработка.
Критериуми за аплицирање се:
- Лицето да е регистрирано во платформата и да има добиено еТвининг ознака за квалитет;
- Лицето да е вработено во средно стручно училиште;
- Лицето треба да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки.
*Во изборот на учесниците предност ќе имаат: учесници на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.
Трошоци за учество
Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за настанот (пат, котизација за настанот и сместување во хотел).
Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Начин на аплицирање
За пријава, кандидатите е потребно да достават на електронската адреса:
- Кратка биографија (CV)
- Лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, телефон за контакт, електронска адреса и име на училиште во кое е вработено
со рок на аплицирање најдоцна до 06 март 2024 година, до 16:00 часот.
Општи мерки за спречување на корупција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2(двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализираод 28-30 април 2024 година во Салзбург, Република Австрија, ќе ги превземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност