spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи - Под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба“, со стратегиска одлучност...

МНР: Османи – Под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба“, со стратегиска одлучност и амбиција кон избор на нов Генерален секретар на Советот за регионална соработка

Во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Северна Македонија иницира нов повик за избор на Генерален секретар на Советот за регионална соработка поради недостиг на консензус во последниве две години  за пријавените кандидати, на последниот повик. 

За таа цел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи испрати писмо до Министрите за надворешни работи на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа со што ги информираше дека се поништува претходниот конкурс и дека се отвора нов, на кој, учесниците на Процесот, можат да пријават кандидатури.

“Како Претседавач на оваа иницијатива, донесов одлука да се поништи досегашниот процес на компетиција или на конкурс за избор на Генерален секретар којшто ние го наследивме од двете претходни претседавање. Затоа донесовме одлука да се објави нов конкурс за избор на Генерален секретар во којшто Северна Македонија ќе има свој кандидат, за прв пат, со голема амбиција” рече Османи на денешната прес конференција. 

Изборот на раководни позиции на важни регионални иницијативи, во последниве години, се покажа како доста тежок процес. Со цел да направи обид за деблокирање на тој процес, како што истакна министерот Османи, предлогот од наша страна е преминување  во процес на ротирачко претседавање согласно првата буква на држава или главен град,  “Првата буква да биде избрана на ждрепка, а потоа ротирачки по азбучен ред за избор мандат по мандат”, со што би се овозможиле еднакви можности за сите учесници да бидат дел од „кормилото“ на Регионалните иницијативи.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

Центар: Одличен музички хепенинг со силна порака против врсничкото насилство ...

0
Општина Центар се приклучи на кампањата и спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и...