spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Инвестираме преку 10 милиони евра за рехабилитација на патиштата во Велес

МТВ: Инвестираме преку 10 милиони евра за рехабилитација на патиштата во Велес

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски идиректорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увидво рехабилитација на регионалниот патен правец Велес – Градско.

Се работи за најфреквентната регионална делница во регионот, за чија рехабилитација во должина од 20 километри беа инвестирани речиси 7 милиони евра.

Министерот Бочварски истакна дека Владата преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната инфраструктура, а дека особено внимание се посветува на рехабилитација на постоечката регионална патна мрежа.

„До сега завршивме со реконструкција на многу значајни патни правци кои водат до државните граници, како државните патишта Крива Паланка – Деве Баир, Подмоље – Струга – Ќафасан, Битола – Меџитлија и Скопје – Блаце, а денеска се наоѓаме на делницата Велес – Градско, каде сме на увид на рехабилитирниот пат со што добиваме квалитетна регионална патна делница. И знаеме дека огромно е значењето на овој регионален пат кој што поврзува десетина населени места од овој регион што немаат директен излез на автопатот на Коридор 10. Впрочем ова беше и најголемо барање на локалното население и драго ми е што овој пат е завршен квалитено и навремено. Подигната е безбедноста за патување, елиминирајќи ги црните точки кои претходно се јавуваа на овој патен правец.“, изјави министерот Бочварски.

Директорот Рустеми истакна дека ЈП за државни патишта работи посветено за да обезбеди современа и модерна патна инфраструктура низ целата држава, која потоа овозможува силна економија и развиени региони.

„Оваа делница, која е со вкупна должина од 20-тина километри и широчина на патот од 5,5 до 7,0 метри, беше во лоша состојба, а е главна артерија за локалното население, посебно за земјоделците кои гравитираат во овој регион. Со рехабилитацијата на оваа делница, добиваме безбеден и сигурен регионален пат по којмесното население може да сообраќа без тешкотии. Заинвестицијата вкупно беа издвоени 6,8 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР. Ова патно поврзување на централниот регион е важно затоа што низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни јазли кои нѐ поврзуваат соостанатите земји од регионот. Со овие активности, ја потврдуваме нашата заложба за комплетна рехабилитација на регионалните патни правци во централниот регион, со цел да им го олесниме протокот на сообраќај и на стоки и услуги.”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми.

Министерот и директорот претходно извршија увид и во рехабилитираниот регионален пат Катланово – Велес, инвестиција од 2,5 милиони евра, делница со која градВелес се поврзува со Велешко езеро.

Извор: Влада

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...