spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски - Брза и навремена исплата, мотивирани земјоделци и зголемен извоз...

МЗШВ: Николовски – Брза и навремена исплата, мотивирани земјоделци и зголемен извоз на земјоделски производи, се резултатите од новиот модел за субвенционирање

Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо.

Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна исплата на субвенциите.

До сега, преку новиот модел за субвецнионирање, авансна субвенција е исплатена кон сите земјоделци. Аванса субвенција добија лозарите, овоштарите, градинарите, полјоделците и сточарите.

„Со новиот модел за субвенционирање си поставивме неколку цели. Најпрво да ги насочиме земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а за тоа да добијат дополнителна поддршка. Земјоделците ги мотивираме и поддржуваме да користат сертифицирани семенски матерјали и ѓубрива, да остварат поголем принос и да своето производство го предадат во домашните преработувачки капацитети, или пак истото да го искористат за сопствени потреби“, истакна министерот Николовски.

Преку новиот модел основна, директна субвенција за одржување на површините добиваат сите земјоделци, за сите култури. Додека пак, дополнителна субвениција добиваат земјоделците, што произведуваат култура од листата на значајни култури, оствариле зголемено производство и истото го продале на пазар, искористиле за сопствени потреби, или предале во преработувачки капацитети.

„Ваквата новина во субвенционирањето на оствареното производство кое главно завршува во домашните откупни, преработувачки и кланични капацитети од една страна се истиснува сивата економија, а од друга страна создаваме услови за развој на домашната економија, преку користење на основните земјоделски производи за добивање на производи со додадена економска вредност, кои освен што ја збогатуваат лепезата на домашни производи на македонскиот пазар туку и имаат голем извозен потенцијал“, истакна министертот Николовски.

Направените анализи по завршување на аплицирањето за дополнителни субвенции во декември 2023 година, покажаа дека 8.061 земјоделеци, немаат поднесено барање по овие дополнителни мерки.

„Затоа веднаш реагираме и на овие земјоделци ќе им биде дадена уште една можност, дополнително да го искористат оваа право и да поднесат барање, со тоа што ќе направиме дополнителна мерка во програмата за 2024 година, каде ќе добијат уште една шанса да го пријават своето производствово градинарство, лозарство и овоштарство и ги добијат дополнителните субвенции“, изјави министерот Николовски.

Кај сточарството пак, за дополнителните субвенции, сточарите не ги пријавуваат сами, туку тие ги добиваат со претходно исполнети услови, а тоа е произведено и предадено млеко во млекарниците, или предадени грла добиток во кланиците.

Дека новиот модел полека, но сигурно ги дава очекуваните резултати говорат и неколку примери.

„Производителите на јачмен, пченица, афион, сончоглед и маслодајна репка, добиваат поддршка за остварен принос. Па за оваа мерка до 2022 година аплицирале 1.800 корисници. Со новиот модел овозможивме, овие производители своето производство да го користат и за сопствени потреби, за производство на сточна храна, или да го предадат на регистрирани одгледувалишта, па така бројката на корисници, кај оваа мерка се зголеми на 5.300“, истакна министерот Николовски. 

Правилните политики во поддршката на земјоделското производство јасно се рефлектираат во бројките, кои го прикажуваат извозот на македонските земјоделски производи и преработни.

„Бележиме раст на извозот кај градинарските култури. Во 2023 година извозот на македонски зеленчук надмина рекорни 95 милиони евра, што е раст за 14 милиони евра споредбено со 2022 година, или раст за 10% во извезената количина македонски зеленчук, споредбено со истата 2022 година“, изјави министерот Николовски.

Македонската зелка веќе неколку години наназад е најизвезуваниот зеленкук, а во 2023 година вредноста на извозот достигнала 29,9 милиони евра, што е раст за 21% во споредба со 2022 година. Потоа пиперките се вториот најизвезуван производ, кој на странските пазари се продадени со 26.000 тони, во вредност од 20,7 милиони евра. Следуваат доматот, печурките за јадење, краставици и корнишони,  кромидот и компирот. 

Министерот Николовски истакна дека успешните мерки за развој на винскиот сектор и лозарството, дале резултат запишувајќи го високо на винсакта мапа македонското вино.

„Денес како држава бележиме 57,6 милиони евра девизен прилив од извозот на македонско вино, за разлика од 2016 година кога девизниот прилив изнесувал 47,7 милиони евра. Најдобар индикатор за развојот на винарството е додадената вредност на извозот флаширано вино. За краток период успеавме неговата вредност двојно да ја зголемиме, односно ако до 2016 година изнесувала помалку од 1 евро, денес просечната вредност изнесува 2 евра по шише македонско вино“, истакна министерот Николовски.

Раст имаме и кај извозот на јагнешко месо, па така ако во 2020 година сме имале извоз во вредност од 9,5 милиони евра, во 2023 година извозот на јагнешко месо достигнал 14 милиони евра.

Овие бројки јасно говорат дека новиот модел на субвенционирање полека, но сигурно, ги дава очекуваните резултати. Заедно со Платежната Агенција продолжуваме да го следиме и анализираме спроведувањето на новиот модел, редовно информирајќи ги граѓаните, нагласи министерот Николовски додавајќи дека во следниот период, пред Агро Советот ќе биде презентиран извештајот за спроведувањето на новиот модел на субвенционирање во земјоделството.

Остануваме посветени и заедно со земјоделците го модернизираме и развиваме македонското земјоделство, а резултатите го потврдуваат тоа.

Линк од видеото: https://youtu.be/31fe6TecxRE

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...