spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија...

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Наместо проекти и визија дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски продолжи со лагите и измислиците, во кој само самиот верува. Во интерес за точно инфомрирање на јавноста, како министерство, сме должни уште еднаш да ги разобличиме лагите и да ја изнесеме вистината пред земјоделците.

Лага е дека договорите за закуп на земјоделското земјиште можат да се продолжат со анекс на договорот, туку со склучување на нов договор по истекот на претходниот договор. Оваа лага на дополнителниот заменик министер падна во вода уште на средбата со земјоделците од Свети Николе, корисници на земјоделско земјиште, пред кои токму дополнителниот заменик министер немаше храброст лично да дојде.

Лага е дека е раскинат било кој од овие договори, или дека има било какво решение за раскинување. Напротив секторите на министерството секојдневно работат за продолжување на овие договори.

Како министерство излеговме во пресрет на земјоделците, на кои им истекуваат договорите за закуп, за време на изборниот проецес и уште на 13 февруари оваа година, на предлог од МЗШВ, Владата ја усвои измената во Уредбата за директни плаќања. Во насока да овозможи право за субвенции на сите земјоделци, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени, или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Дополнително поднесена е измена во законот за земјоделско земјиште, која по итна постапка веќе се наоѓа во Собранието, со кој се овозможува услов да земјоделците што имаат истечен договор, да не бидат избришани од ЕРЗС системот. Овие законски измени пратениците на опозицијата ги немаат поддржано, и истите се блокираат, правејќи директна штета на земјдоелците.

Заедно со земјоделците од Свети Николе, министерот Николовски потпиша Петиција, преку која се бара собраниската комисија за земјоделство итно да ги разгледа предложените измени на законот, а Собранието да го донесе.

Дополнителниот заменик министер Трипуновски уште еднаш јавно потврди дека е против малите винари и малите производители на храна, повторно изнесувајќи ја лагата дека поддршката била доделена надвор од закон, селективно, по принципот прв дојден прв услужен.

Спортивно на оваа негова лага, вистината е дека не постои еден апликант, за овие мерки, за поддршка на малите производители на храна и вино што исполнувал услови, а да не добил грант поддршка.

Дел од корисниците што потпишаа спогодби за раскинување на договорите, беа поради пропуст на прибавените листи за проверки во регистрите за упис во ЕРЗС и во Регистарот на оператори со храна од АХВ. Ваквите спогодби беа нужни како би немале проблеми самите корисници, бидејќи истите имаа поднесено изјави заверени на нотар, под кривична и материјална одговорност, дека податоците во барањата се точни. Со ваквите спогодби ги заштитуваме нив, корисниците, а и членовите на комисијата за избор на корисници.

Малите винарии се успешна приказна која придонесе во уште поголема промоција на македонското вино. Денес како држава бележиме 57,6 милиони евра девизен прилив од извозот на македонско вино, за разлика од 2016 година кога девизниот прилив изнесувал 47,7 милиони евра.

Лага е дека субвенциите доцнат и дека има неисплатени обврски од изминативе три години. Тоа време заврши кога субвенциите се исплаќаа по списоци и селективно, два дена пред избори. Па така вистината е дека за мерките по кои земјоделците аплицирале на крајот на 2023 година, плаќањето се врши оваа 2024 година и ние тоа го правиме најбрзо. Над 97% од наведената сума од 3.34 милијарди денари, се однесува на тековни барањата за 2023 година, а само 3 % за претходните години и тоа од причини што корисниците имале погрешни сметки, долгови.

Што се однесува пак до браната Конско, оваа капитална инвестиција е започната со изградба во 2018 година и комплетно завршена во 2024 година. Само еден ден, по заокружувањето со изградбата на браната се започна, со постапка за изградба на системот за наводнување Конско. За разлика од Владата во 2015 година, кога приоритет не биле изградба на брани и системи за наводнување, туку бронза и гипс, оваа Влада и министерство парите на граѓаните ги насочува во реализација на проекти од интерес на граѓаните. Градејќи ја комплетно браната Конско и започнувајќи го системот за наводнување Конско, но и системите Лисиче, Пепелиште и Страиште. Најголем проект во водоснабдувањето и по површина и по средства, што опфаќа наводнување на површина од 13.500 хектари, во вредност од 120 милиони евра.

Во врска со Ревизорскиот извештај за успешност за користење на водите за наводнување, согласно добиениот допис јасно се потврдува дека министерството успешно ги надминало препораките содржани во извештајот. Од вкупно 13 наоди и исто толку препораки, со овој follow up од страна на ДЗР е потврдено, дека министерството за 10 наоди во тек спроведува соодветни мерки, 1 е целосно спроведена, 1 делумно спроведена и 1 неспроведена. Што претставува значителен успех и пример за институционално организирање и постапување.

Дополнителниот заменик министер Трипуновски треба да знае дека земјоделците не сакаат лаги, празни зборови и блокади, туку бараат конкретни мерки и решанија. Ако немате идеи, или проекти за земјоделците, тогаш немојте да го блокирате и извртувате она, што заедно со земјоделците го градиме како успешни мерки, кои носат резултати.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...