spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Претставници на шумската полиција и секторот за шумарство и ловство во...

МЗШВ: Претставници на шумската полиција и секторот за шумарство и ловство во Будимпешта учествуваа на Програмата против компјутерски криминал за нелегална трговија со животни и растенија

Со поддршка на Меѓународната академија за спроведување на закони во Соединетите Американски Држави (ILEA) во Будимпешта Унгарија, од 4 до 8 март 2024 година, се организираше настанот “Програма против компјутерски криминал за нелегална трговија со животни и растенија. На настанот учество земаа претставници од Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Црна Гора.

Во период од 4 до 8 март 2024 година, во пет дена, претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство имаа привилегија да учат од најдобрите во областа. Да се вклучат во интерактивните сесии за усовршување на вештините во истрагите против компјутерскиот криминал за нелегална трговија со животни и растенија, дигиталната форензика и собирањето разузнавачки информации. Станува збор не само теоретски вежби, туку суштински и значајни обуки за користење на алатки, кои ќе ни овозможат да ги идентификуваме, попречиме и разбиеме мрежите, кои профитираат од нелегалната експлоатација на скапоцениот биодиверзитет на нашата планета.

Присуството на претставниците од нашето министерство ја нагласува непоколебливата посветеност на нашето министерство, за борба против криминалот со дивиот свет и заштита на нашето природно наследство за идните генерации. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на овој настан беше претставено од раководителката на секторот Шумска полиција, Аница Симонова и Димитар Цветковски, соработник во областа на ловство.

Нашите престставници ја искористија оваа можност, да создадеме партнерства, да ги споделиме најдобрите практики, но и да ја зајакнеме нашата колективна решителност. Заедно, можеме да ја искористиме моќта на технологијата, модерните практики за да го заштитиме нашиот див свет, да го поддржуваме владеењето на правото и да ја зачуваме убавината и различноста на нашата планета.

Во име на Mинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, упатуваме срдечна благодарност до организаторите на оваа значајна обука, особено до нашите ценети колеги од Министерството за внатрешни работи на Содединетите Американски Држави и Националната служба за риби и диви животни (FWS). Вашата експертиза и посветеност на оваа кауза се непроценливи додека истражуваме во комплексноста на компјутерскиот криминал во контекст на трговијата со риби и диви животни.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте