spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Нов спортски терен - инвестиција вредна 23 милиони денари

Аеродром: Нов спортски терен – инвестиција вредна 23 милиони денари

Со вкупна инвестиција од 23 милиони денари кои треба да се инвестираат во следните шест месеци, на местото на старото спортско игралиште во Реонски центар, Аеродром ќе добие нов и модерен фудбалски терен. Проектот се реализира како дел од јавно – приватно партнерство помеѓу Општина Аеродром и приватна компанија. Станува збор за соработка која ќе резултира со целосно нов репрезентативен спортски објект, направен по сите стандарди, каде ќе може да се одржуваат спортски натпревар од сите домашни натпреварувања.

Градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата Фејсбук страна истакна дека проектот се реализира со поддршка на приватна компанија која треба да направи реконструкција на спортскиот терен кој подолг временски период беше запоставен, со цел да се обезбедат подобри услови за фудбалските школи во Аеродром и нова локација каде ќе одржуваат спортските натпревари.

Во рамки на инвестицијата предвидено е спортското игралиште да добие нова повеќеслојна подлога погодна за терен со вештачка трева, а истовремено да биде извршена и целосна санација на металната конструкција, трибините и заштитната мрежа. Дополнително, ќе бидат поставени нови клупи за резервни играчи со кабини од плексиглас, како и целосна реконструкција на соблекувалните.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/324701217263626

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...